Трамп утре на средба со поранешниот јапонски премиер

 

Поранешниот јапонски премиер Таро Асо, кој е потпретседател на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП), утре ќе се сретне со кандидатот на Републиканската партија за претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, изјави висок претставник на кампањата на Трамп.

„Лидерите од целиот свет знаат дека само со претседателот Трамп можат да имаат побезбеден и помирен свет“, рече високиот советник на Трамп, Брајан Хјуз.

Меѓу оние кои ќе му се придружат на Асо на средбата со Трамп е и поранешниот преведувач на покојниот јапонски премиер Шинзо Абе, Сунао Такао.

22.04.2024 - 23:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега