Регулаторна одлучи: Од денеска поевтин дизел
Регулаторна вчера донесе одлука со која од полноќ, цената на дизелот се намалува за половина денар.
„Од 16.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,302 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.“ – соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа