Директорот на „Водовод“ во Бор поднесе оставка поради смртта на Данка
Директорот на јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор, Горан Павиќ, поднесе оставка од функцијата, откако двајца вработени во тоа претпријатие беа осомничени за убиство на двегодишното девојче Данка Илиќ.
Во изјавата дадена за локалните медиуми, Павиќ наведува дека поднесува оставка од морални причини, со оглед дека „постои основано сомнение дека ова грозоморно убиство го извршиле во работно време, во службено возило додека ги извршувале своите работни задачи“.
„Ќе поведам кривична и сите други правни постапки против осомничените, како и против сите други вработени и одговорни лица во компанијата кои со своите пропусти, дејствија или непостапување придонеле осомничените да останат десет дена на слобода“, рече Павиќ.
Градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ во понеделникот на прес-конференција потврди дека директорот на борски „Водовод“ поднел оставка.
Данка Илиќ исчезна на 26 март пред својата куќа во населбата Бањско Поље кај Бор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа