Ќе паднат потписи: И лидерите на политичките подмладоци ќе се обврзат на фер и демократски избори
Денес, во организација на Институт Охрид, претседателите на политичките подмладоци ќе потпишат Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза.
„Целта на овој настан е да ги обедини подмладоците на политичките партии да ја покажат својата заложба за спроведување на слободни, фер и демократски избори и достоинствена и фер предизборна кампања, а воедно да ја искажат својата решителност да се борат против говорот на омраза и да промовираат намалување и отстранување на говорот на омраза во општеството. Потпишувањето на оваа декларација ќе испрати јасна порака до целата јавност дека младите политичари, како идни носители на одлуки, се посветени на овие принципи.
Настанот ќе биде јавен, церемонијален и отворен за јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа