Таткото на Васил: Проценив дека ако во тој момент пристапам кон родителите најверојатно само ќе ја влошам состојбата
Семејството на обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“, денеска изрази сочувство до семејството на Фросина.
- Ние сме фамилија на која приходите исклучиво им се од плата. Не сме богата фамилија, уште помалку влијателна и немам никаде и кај никого интервенирано за било какво намалување на казните на син ми. Немаме други станови во Скопје. Судијката на случајот воопшто не ја познавав претходно, ја видов во судница. Од аспект на родител не направив ама баш ништо за Васил да поминува неказнет низ системот како што беше кажано. Тоа најодговорно го тврдам, пред Бога и пред вас. Најдлабоко сочувство до семејството на родителите, рече таткото на Васил.
Рече дека уште од првиот момент кога разбрал за настанот, чувствувал потреба да изрази сочувство, но дека имало напади кон возачот и проценил дека во тој момент може само да ја влоши ситуацијата доколку изрази сочувство.
- Размислував да го направам тоа на самото лице место кога сфатив дека тоа се нејзините родители, но имаше ситуација од нивни блиски, се упатуваа закани кон возачот. Направив проценка дека ако во тој момент пристапам кон родителите најверојатно само ќе ја влошам состојбата, така барем размислував. Тогаш помислив дека е најдобро за неколку дена, но работите отидоа предалеку и немаше простор за лично сочувство, затоа мораме вака јавно да изразиме сочувство, рече таткото на Васил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа