Политичките партии во среда ќе ја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори
Политичките партии кои учествуваат на изборите во среда, ден пред официјалниот почеток на изборната кампања, ќе потпишат Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза.
Потпишувањето на Декларацијата е традиционален настан што го организира Институтот Охрид од 2014 година и се одржува пред секои избори. Декларацијата ќе ја потпишат претседателите и подмладоците на политичките партии.
Потпишувањето на оваа Декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво, посочуваат организаторите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа