Тошковски од Атина: Обезбеден е континуитет и навремена испорака на обрасци
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Атина се сретна со Марк Џулиан Сиверт кој е претседател на бордот на директори на ВЕРИДОС – компанијата задолжена за производство на обрасците за лични документи.
На средбата се разговараше за можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците и беше заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет и навремена испорака на обрасци за патни исправи за наредниот период.
Од МВР велат дека со тоа се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа