Пешевска со порака до жените: Не застанувајте и не се откажувајте

 


Ние – жените сме непоколебливо решителни кога треба да се надминат пречките, затоа што умееме да се прилагодиме, иновативни сме во сите животни ситуации, посветени и секогаш подготвени да се подобруваме самите себе. Солидарноста, отворениот дијалог, меѓусебната поддршка и соработка се одлични можности за да го промениме светот во кој живееме, порача Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мојата порака до секоја една жена е пред да зачекорите кон животните цели, имајте на ум дека ќе наидете на многу пречки, проблеми и неуспеси. Не застанувајте и не се откажувајте, туку на секој неуспех гледајте како на нова можност утре да бидете подобри. Никогаш не се сомневајте во вашите способности! Вие сте родени за да успеете, затоа што сте ЖЕНИ! Следете го сопствениот инстинкт и чекорите храбро и одлучно кон промените. Да го славиме секој наш успех, да си бидеме инспирација едни на други и заедно да ја градиме иднината во која еднаквоста и еднаквите можности ќе бидат реалност. Среќен меѓународен ден на жените“, рече Пешевска.

08.03.2024 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега