Каде му е косата? СДСМ го обвинува Мицкоски дека имал слика со Ковачев

 

 Не е само Гордана Силјановска, горд на слика со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев има и Христијан Мицкоски, велат од СДСМ

„Андреј Ковачев е познат негатор на македонскиот народ. Јавно порачуваше дека Гоце Делчев е Бугарин, дека Браќата Миладиновци напишаале бугарски народни песни, а не Зборник, дека историјата ни е фалсификувана.

 

Што има заедничко Мицкоски со Ковачев?

Дали Мицкоски се согласува со изјавата на Ковачев за Зборникот на Браќата Миладиновци?

Сликите кажуваат многу. Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државатаправат сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија.“ - се вели во соопштението на СДСМ

Интересно е што СДСМ почна да ги лиферува овие соопштенија кога Мицкоски заедно со Силјановска замина на Конгресот на најголемата европска партија ЕПП во Букурешт, а во истата партија членува и Ковачев. Сепак, може да се забележи дека сликите кои ги објавува СДСМ се направени многу порано имајќи предвид дека Ковачев си пресадил коса а на фотографиите кои СДСМ ги објавува, тој баш и нема многу коса.

08.03.2024 - 08:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега