(ФОТО) Градоначалникот Колев даруваше крв: „Сите имаме привилегија да спасиме живот“

 

Градоначалникот на Велес, Марко Колев во хумана акција. Денеска преку социјалната мрежа Фејсбук информираше дека дарувал крв.
„Хуманоста е една од најплеменитите човечки особини. Она што за нас е малку, за некого е многу.
Токму затоа денес дарував крв на крводарителската акција во организација на ССОУ Димитрија Чуповски и Општинската организација на Црвен Крст - Велес.
Крвта значи здравје и живот, а дарувањето крв прави секој од нас да има привилегија да спаси живот“, напиша градоначалникот Колев на ФБ.

05.03.2024 - 19:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега