Драма: Новинарка го налути Рама
Новинарка денеска го налути албанскиот премиер Еди Рама, кога го праша во кое својство на двата самита, одржани во Тирана, присуствувал и Алекс Сорос.
На крајот од прес-конференцијата, со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, новинарката Амброзија Мета го праша Рама „зошто Алекс Сорос мора да биде присутен не само на самитот, туку и на семејната фотографија“.
-Заборавил да те праша тебе, отсечно и видно нервозно одговори Рама.
За време на двата самита, беше забележано учеството на Алекс Сорос, син на филантропот Џорџ Сорос, кој стоеше зад Рама на состаноците на Самитот. Исто така е и на фамилијарната фотографија на која се сите високи државни функционери од регионот и ЕУ.
Алекс Сорос често е виден како се дружи со премиерот Рама, па дури и го нарекува „брат“, но пријателството со премиерот се чини недоволно за да биде дел од овие организации од толкава важност. Сè уште не се знае со која должност или функција Александар Сорос е толку вклучен во владините работи и на вакви самити, наведуваат албанските медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа