Тошковски: Го зголемивме производството на пасоши - маскимумот е 3.300 дневно
Гледаме да дојдеме на некоја максимална бројка од 3.300 пасоши коишто би се произведувале на ден, тоа е максимална бројка ако произведуваме пасоши без да има никаков застој во текот на денот. Тоа значи, да почнат со работа од 6 часот наутро и да работат до 22 часот попладне, тоа значи дека два часа дневно е зголемен капацитетот на производство, вели во интервју за МИА Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во техничката Влада.
Вкупниот број на лични документи којшто е потребно да се заменат, Тошковски проценува дека е некаде од прилика околу два милиона и посочува дека очекува да се дојде до бројка од околу 75.000 месечно што е максималниот капацитет.
-Сега да не се правиме ние дека сме не знам што, но, сето она време кое што можам да го дадам за да подобриме нешто во процес во наредниот период којшто ни останува, 70 и некој ден до избори, па и она време по избори, овој процес нема да застане за време на избори ќе го дадам заедно со целокупниот тим којшто е околу мене, заедно со сите оние коишто се добронамерници и во рамки на Министерството и во однос на ова прашање. Негде од прилика бројката која што во континуитет ја имале како бројка за производство во Министерството е околу 50.000 пасоши на месечно ниво. Бројката која што сакаме да ја достигнеме, реална бројка, е некаде околу 75.000 пасоши на месечно ниво, вели Тошковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа