Ненадејно почина германската фудбалска легенда
Легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме почина на 64-годишна возраст во Минхен, јавуваат локалните медиуми.
Според информациите, тој починал од срцев удар.
Бреме беше член на генерацијата која ја освои титулата на Светското првенство во Италија во 1990 година. Во финалето против Аргентина, предводена од Диего Арманод Марадона, Бреме го постигна единствениот гол од пенал.
Кариерата ја започна во 1978 година во ХСВ Бармбек, потоа играше за Сарбрикен и Кајзерслаутерн, а во 1986 година се пресели во најславниот германски клуб, Баерн Минхен.
Две сезони мина во Минхен, пред за се пресели во Серија А, во Интер. По четири сезони на „Џузепе Меаца“, една сезона мина во Сарагоса, а потоа се врати во Германија. Од 1993 до 1998 година го носеше дресот на Кајзерслаутер каде ја заврши кариерата.
Шампионската титула во Германија ја освои со Баерн и Кајзерслаутерн, во Италија беше шампион со Интер.
За Германија одиграл вкупно 86 натпревари, на кои постигна осум гола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа