Буџетот за 2014 повторно пред пратениците

Пратениците и денеска ја продолжуваат расправата за Буџетот за 2014 година.

Пратениците се очекува да се изјаснат и по Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција во Авганистан во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан - ИСАФ, за предлогот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија, како и за предлог-одлуките за објавување јавен конкурс за именување член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и за објавување оглас за избор на членови на Комисијата за верификација на фактите, како и за предлог-законите за ратификација на Меморандумот за разбирање за соработка во здравството помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар и на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт.

На дневниот ред на собраниската седница се и повеќе други точки меѓу кои и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, на Законот за работните односи, на Законот за персоналниот данок на доход, на Царинскиот закон, сите во  второ читање. 

18.12.2013 - 09:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега