Нови детали за сообраќајката на излезот од Битола: Шоферот на автобусот е хоспитализиран на Хирургија
Директорката на Клиничката болница во Битола, д-р Елизабета Ивановска за „Прес24“ изјави дека во болницата поради сообраќајната несреќа на излезот од Битола, досега поминале над 20-тина пациенти. Меѓутоа, како минува времето, се повеќе лица барале помош од докторите.
На Хирургија до овој момент биле прегледани седум пациенти, меѓукои и шоферот, којшто е единствениот хоспитализиран во овој оддел.
13 пациенти биле прегледани од ортопед, но на овој оддел нема хоспитализирани, бидејќи сите имале телесни повреди.
Според официјални информации, девет пациенти биле насочени и на неврохирургија, каде им е пружена неопходна медицинска помош.
Директорката кажа дека сите лица кои поминале во болницата поради сообраќајката се надвор од животна опасност.
Како што информиравме претходно, едно лице го загуби животот, а дваесеттина лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на регионалниот патен правец Битола-Демир Хисар.
Според првичните информации, станува збор за судир меѓу патничко моторно возило и автобус на компанија која превезувала работници од Битола кон населените места во Демир Хисар. Во директниот сообраќаен судир меѓу патничкото моторно возило и автобусот на излезот од Битола, на местото на сообраќајката загинал возачот на патничкото моторно зозило, тешко е повреден совозачот, а повредени се и патниците во автобусот.
Се очекува СВР Битола да излезе со официјално соопштение за тешката сообраќајна несреќа во Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа