Нема пари за автобусите кои доцнат

Доколку некој од автобусите задоцни нема да добива пари од Градот. Ова ќе се случи откако ќе се воведе системот за автоматска локација на автобусите во јавниот градски превоз. Како што пренесува Дневник, неодамна Коце Трајановски ова им го порача на транспортните претпријатија.

Се очекува овој систем да почне да функционира идната година, за што се предвидени и пари во градскиот буџет.  Дека работите овој пат се на добар пат, говори и одлуката за доделување субвенции на ЈСП од 60 милиони денари, која ќе се најде на дневен ред на претстојната седница на Советот на Град Скопје.

- Несомнено е дека ова ќе придонесе за постигнување повисоки стандарди во делот на интегрираниот систем на наплата и следење и контрола во јавниот превоз, но и подигање на квалитетот на превозните услуги. Се очекува побрз проток на патниците во возилата, помало задржување на автобуските стојалишта, помала потрошувачка на гориво за работа на возилата во место, поголема контрола и поефикасно водење на јавниот превоз, подобра, навремена и прецизна информација на патниците за локацијата на возилата и возниот ред - се вели во предлог-одлуката, пренесе Дневник.

 

17.12.2013 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега