Не можам да бидам портпарол на семејства на министри, рече Ковачевски за вработувањата на роднини во М-НАВ
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не може да биде портпарол на семејства на министри, ниту пак претендирал да биде, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира тоа што половина Влада има вработени блиски луѓе во М-НАВ.
Премиерот одговори дека министрите кои имале вработено некои роднини веќе си даваат свои ставови, а неговото мислење во однос на оваа тема секогаш било принципиелно.
Ковачевски ја доведе во прашање и транспарентноста при вработувањата во правосудстсвото и министерствата, коментирајќи дека тоа е карактеристика на земјите во транзиција.
„Ако се отвори темата треба да проверите и во Академија на судии кој се станал судија и обвинител, па по министерства, На времето имаше еден поранешен министер кој сега е гласен, а дури и бејбиситерката си ја вработи во МНР. Тоа е карактеристика на едно општество во транзиција, Такви се сите држави во транзиција, кога првобитното формирање на администрацијата има најразлични примеси“, рече премиерот.
Доаде дека веќе доаѓа време кога професионализмот ќе биде најклучен.
„Ова е држава што се развива, се разликува од пред 32 години и сметам дека професионалците ќе ја водат државата во иднина и до полноправно членство во ЕУ“, рече Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа