Во четврток на Свети Никола започнува изградбата на крстот во Аеродром

Во четврток на големиот христијански празник Свети Никола официјално ќе започне изградбата на Македонскиот православен крст во општина Аеродром, меѓу булевар “Трета Македонска бригада“ и булевар “Србија“.

Поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, ќе го изврши осветувањето.

 Крстот ќе биде монтажен, висок 51 метри, широк 4 метри, со распон на краците по 15 метри, вкупно 34 метри, поставен на постамент од 5,5 метри, на два нивоа со галерии, иконостас за верски обреди и фрески на дванаесетте свети апостоли. На крстот ќе биде изведена електрична инсталација за енергетска самоодржливост.

Инвеститор на Македонскиот православен крст е Светскиот Македонски Конгрес, а донатори се Македонци и македонски компании од земјата и од странство.

Крстот треба да засвети во Аеродром до март идната година.

17.12.2013 - 10:00
Фото: 
волино.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега