Јапонски ученици во средното училиште Таканава во Токио испратија поздрав на македонски

 

Јапонската амбасада во Скопје на социјалните мрежи објави видео од јапонски ученици што испраќаат поздрав на македонски јазик, по повод 30 години пријателство на Македонија со Јапонија.

-Учениците во средното училиште Таканава во Токио го изучуваат македонскиот јазик изминативе две години, ја презентираат македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали. Иницијатор и инспирација за нивните активности е нивниот професор Томоки Аојама, се наведува во објавата од Јапонската амбасада.

12.01.2024 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега