Кичевчанец тврди дека системот потфрлил: „Убиецот на 2-годишното девојче ме ограби, ама не го осудија“

Кичевчанец преку обраќање на социјалната мрежа „Фејсбук“, тврди дека за убиството на 2-годишното девојче потфрлил системот, а нејзиниот татко кој во моментов се сомничи дека ја претепал до смрт, претходно го ограбил овој граѓанин. 

„За убиеното девојче од 2 години системот е крив. Ако некој праша зошто еве ви одговор: бидејќи го знам убиецот и како таков одамна требаше да биде процесуиран сега е за жал касно. Тој е човек кој кај мене влезе да краде. Па бидејќи полицијата не можеше да го пронајде бев приморан јас да го барам и за среќа го пронајдов. Потоа излеговме на суд, замислете обвинителството ми рече дека нема што да правиме бидејќи досега има 30 кражби, на тоа јас одговорив за да биде осуден дали треба да има 300 кражби?“, стои во објавата на кичевчанецот на ФБ.

Тврди дека не добил одговор на ова прашање од надлежните. 

„Па на тоа не добив одговор, за потоа пак да ми влезе да краде и го фатив на лице место па мораше да го тепам додека не се измоча, за жал не го утепав. Ете драги мои човекот после 30 40 кражби не беше процесуиран па дојдовме до ситуација да убие две годишно девојче. За Жал сега е касно ....“, се дополнува во неговата објава. 

За потсетување, двегодишно девојче од Кичево почина на скопските клиники пред три дена, откако нејзиниот татко ја претепал. Од обвинителството соопштија дека  поведена е истрага за убиство на дете. За дваесет и девет годишниот татко се бара притвор. 

11.01.2024 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега