Пожарот во Аеродром е изгаснат, допрва ќе биде позната причината
Утрово голем пожар ги разбуди станарите од зграда на улица „Пандил Шишков“ во скопската населба Аеродром. Истиот избувнал рано утрово, а кај надлежните е пријавен во 6.33 часот. За жал во пожарот го загуби животот повозрасно неподвижно лице.
„Имаше пријава за пожар во станбена зграда на улица Пандил Шишков број 3. Екипите веднаш излегоа на терен со седум противпожарни возила, со 15 пожарникари. Интервениравме брзо, евакуирани се околните станови за да не дојде до поголема несреќа. За жал, во опожарениот стан пронајдено е едно повозрасно починато лице. Пожарот е изгаснат и е расчистено. Во 8.35 часот екипите се повлекоа. Од МВР допрва ќе ја истражуваат причината за настанатиот пожар“, велат од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје за Прес24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа