Раководството на М-НАВ закажа прес-конференција во 14 часот

 

Раководството на М-НАВ закажа прес-конференција во 14 часот каде ќе бидат образложени повеќе детали околу последните случувања.

Синдикатот на контролорите на летање од среда најави штрајк и затворање на македонското небо доколку на седницата во вторник Владата не го разреши раководството на оваа државна институција. На состанокот кој синдикатот го одржал вчера доцна вечерта било договорено да се побара од полицијата да го обезбедува објектот за да се гарантира безбедноста на контролорите на летање откако вчера, поголема група упадна во оваа институција и физички нападна еден од вработените.

Синдикатот бара одговорност и од вработените во МНАВ кој им помогнале на напаѓачите и им ги отвориле вратите.

Во моментов во полициска станица се наоѓа Беким Незири, кој ги отвори вратите на радарската кула и кој им дозволи на насилниците да влезат во згратата на М-НАВ.

Тој со својата картичка пропуштил луѓе кои не биле вработени во контролата, а кои физички нападнале дел од вработените.

05.01.2024 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега