Привремен затвор за Палчо во Турција во времетраење од 40 дена
На бегалецот од првдата осомничен за двојно убиство Љупчо Палевски Палчо одреден му е привремен затвор во Затворена казнено-поправна установа „Беликесир“ – Турција, информира Министерството за правда, врз основа на допис добиен од Републичкото Јавно Обвинителство на Беликесир – Турција.
Турското обвинителство го информирало нашето Министерство дека на лицето Љупчо Пелевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело ,,Намерно убиство на дете”, согласно Законот 6706 член 14 , со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа