(Видео) Израел: Нападнавме 250 цели на Хамас во последните 24 часа
Воени авиони на израелските одбранбени сили нападнаа повеќе од 250 цели на Хамас во Појасот Газа во последните 24 часа, изјави портпаролот на ИДФ, адмирал Даниел Хагари. Тој додаде дека биле нападнати оперативниот штаб, тунелите и ракетните фрлачи кои биле поставени во цивилна средина.
Да потсетиме, во текот на ноќта израелските копнени сили извршија и релативно голем упад во областа Газа, јавува Ројтерс, повикувајќи се на израелското воено радио. Операцијата имала за цел да ги нападне позициите на Хамас, соопшти радиото, и наводно била поголема од претходните копнени напади.
ביממה האחרונה, מטוסי קרב של צה"ל תקפו מעל ל-250 מטרות של ארגון הטרור חמאס ברצועת עזה.
בין המטרות שנתקפו, תשתיות טרור, מפקדות מבצעיות, פירי מנהרות טרור ומשגרי רקטות המוצבים בסביבה אזרחית אשר בוצע באמצעותם ירי לעבר ישראל במהלך הלחימה>> pic.twitter.com/NvtyfBOfYh
— דובר צה״ל דניאל הגרי - Daniel Hagari (@IDFSpokesperson) October 26, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа