Армијата на Етиопија ја врати контролата врз шест градови во Амхара
Ситуацијата во северната етиопска држава Амхара се смири откако федералната армија ја врати контролата врз неколку градови, кои минатата недела беа заземени од локалната милиција Фано
Владата на Етиопија синоќа соопшти дека градовите Бахир Дар, Лалибела, Гондар, Шева Робит, Дебре Берхан и Дебре Маркос се „ослободени од заканата на бандитите“. Исто така најави дека во тие градови ќе биде воведен полициски час, мерка што ќе остане во сила до 23 август.
Сè уште не е познат бројот на жртвите во насилството во Амгара. Двајца лекари изјавија дека има голем број цивилни жртви.
Амхара се граничи со бунтовната северна етиопска држава Тиграј, против која премиерот Аби Ахмед нареди офанзива во ноември 2020 година. Конфликтот заврши со мировен договор потпишан две години подоцна во Јужноафриканската Република. „Фано“ беше сојузник на федералната армија во битките против Народниот фронт за ослободување на Тиграј. Меѓутоа, односите меѓу амхарската милиција и централните етиопски власти потоа се влошија, а во април имаше протести и насилство во регионот.
На 4 август етиописката федерална влада воведе вонредна состојба во Амхара, откако милицијата Фано зазеде неколку градови.
Етиопија е втората најнаселена земја во Африка и една од најголемите економии на континентот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа