Падна одлука: Поскапуваат бензините, цената на дизелот останува иста

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34% во однос на одлуката од 20.7.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,133%, кај дизелот за 1,937% , кај екстра лесното масло зголемување за 2,431% и кај мазутот намалувањето е за 0,446%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,39%.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,293 ден/кг и сега ќе изнесува 41,001 ден/кг.

Од 25.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,001 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.7.2023 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, стои во соопштението на РКЕ.

24.07.2023 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега