(ВИДЕО) Велјановски: Падна првиот ДУП во Карпош, карпошани се против бетонизација
На вчерашната седница на Советот на Општина Карпош, по неуспешниот обид за повлекување на сите точки од Дневниот ред на седницата и враќање на истите од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, падна првиот ДУП во Општина Карпош, изјави на денешната прес-конференција советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош, Роберт Велјановски.
„Денес сме пред Општина Карпош за да го потсетиме претседателот на Советот г-динот Бранко Ристов, советник од Левица, дека од денес тече законскиот рок од 3 дена за потпишување на одлуките кои ги донесовме на вчерашната седница. Господинот Ристов, како претседател на Советот на Општина Карпош, има законска обврска да ги достави материјалите до градоначалникот со што ќе се испочитува волјата на избраните претставници на карпошани. Доколку не го направи тоа ќе сметаме дека се работи за намерно саботирање на волјата на избраниците на народот, груба манипулација во насока на поддршка на градежната мафија. Деновиве заедно со загрижените граѓани будно ќе ја следиме ситуацијата се до објавување на сите одлуки усвоени на вчерашната седница на Советот на Општина Карпош во Службен гласник на Општина Карпош“, изјави Велјановски.
-Господине Ристов, доколку се обидете заедно со г-динот Јакимовски да ја заобиколите волјата на граѓаните да Ве потсетиме дека вчера повеќе од 100 луѓе изразија негодување. Утре ќе бидат 1.000, а задутре ќе бидат 10.000 кои ќе ве спречат во намерите да ја изиграте волјата на карпошани против бетонизацијата на Карпош, додаде советникот од ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа