Мирис на изгорени кабли во Владата го пресели пресот на Ковачевски и Бесими во друга просторија
Во салата на Владата каде се одржуваат прес-конференциите мирисало на изгорени кабли.
Поради ова, доцнеше пресот на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими
Тие беа префрлени во друга просторија, каде вообичаено се одржуваат владините седници.
Службите на Владата треба да утврдат каде и поради што настанала миризбата во салата за прес-конференции. Оттаму се земени и пултовите за говорење и префрлени во свечената сала.
Со оглед дека нема екрани, презентацијата која е подготвена за прес-конференцијата се емитува директно во етер, без прикажување во салата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа