Апсење на скопскиот аеродром: Малолетник и 21-годишник се обиделе со лажни пасоши да ја напуштат државата
Вчера во 10.00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром– Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишиле од слобода У.Ј.А.(21) и 14-годишник, двајцата од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција констатирано било дека приложиле португалски фалсификувани патни исправи.
У.Ј.А бил спроведен во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка, додека по наредба на Јавен обвинител, малолетникот бил предаден на родител.
03.03.2025 - 12:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа