Слободни 9.562 работни места во Македонија: Еве каде најмногу се бараат вработени

 


Бројот на слободни работни места во четвртиот квартал лани изнесува 9 562, а најголем број, 2 149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници, објави денеска Државниот завод за статистика.

Следуваат групите Работници во услужни дејности и продажба со 2 074 слободни работни места, Елементарни занимања,1 638, Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 1028,  Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 851, Техничари и сродни занимања, 1 016, Службеници, 744. Евидентирани се и 44 слободни работни места во групата Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори, како и 19 во групата Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот. 

Како што објави ДЗС, во четвртиот квартал лани стапката на слободни работни места изнесува 1,93 проценти. 

Највисока стапка на слободни работни места од 3,47 проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0,13  проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,69 проценти.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, 2,72 проценти.

03.03.2025 - 13:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега