РКЕ ги намали цените за првиот и вториот блок - поскапена евтина тарифа дури од 1 декември
Граѓаните ќе плаќаат пониски цени за струја уверува Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика. Тој кажа дека е намлена и цената која се плаќала за мрежарина, која во изминатите месеци беше повисока и од цената на струјата.
„Донесените цените по блокови за период на високи дневна тарифа се следни: прв блок намалување од 7,04 %, втор блок намалување од 4,09%, трет блок зголемување од 2,54% и четврт блок зголемување од 2,42%. РКЕ носи одлуки за цени и тарифи без ДДВ. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26%, а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5 % на сметките“ изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
За намалувањата, ЕСМ придонело со намалувањата во загуби.
„Во сметките ќе го немаме проблемот дека се плаќало повеќе за мрежарино, а помалку за енергија. Со сите мерки, се стабилзиира ситуацијата“, посочи Бислимоски.
Зголемувањето на ДДВ-то за струјата на 18%, се обиделе да го амортизираат.
„ДДВ-то влијае над седум проценти. Едно домаќинство, во анализите ги земавме само активните броила, намалувањето на струјата без ДДВ е 4,26 проценти, а влијанието заради ДДВ-то, вкупниот трошок со ДДВ е 2,5 проценти“, објасни тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа