Најнова информација од АМСМ: Има прекини на патни правци поради одрони и поплавување
Поради обилни врнежи дожд и излевање на река кај с.Раец, од 07:20 часот сообраќајот на патот А1 Градско – Прилеп е во целосен прекин.
На клучката кај м.в.„Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Се преземаат мерки за расчистување.
Поради излевање на Крива река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон с.Варовиште и с.Градец. Исто така, во с.Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на р.Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа