(ФОТО+ВИДЕО) Уште се крои крајната цена на струјата, Бислимовски вели дека се чека ЕСМ

 

Учеството во цената што ќе ја понуди ЕСМ, и кај ЕВН Хоум и кај Електродистрибуција и кај МЕПСО, е некаде околу 70-тина проценти, изјави Марко Бислимовски, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, во вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Значи влијанието на тоа што го нуди ЕСМ е исклучително големо, кажа Бислимовски.

Тој истакна дека не може ниту од околу да се формира цената, додека не стигне пресметката на ЕСМ.

„Мислам дека и тендерот ќе биде во текот на наредната недела. Од кога ќе ги добиеме тие податоци, нашиот модел е подготвен и за кратко ќе ги имаме конечните бројки во однос на крајната цена која што ќе ја плаќаат потрошувачите. Во меѓувреме ќе има и тендер, ми се чини утре, кај МЕПСО за набавка на загубите. Обврската кај ЕСМ повеќе е тргната, ЕСМ преку својата компанија за снабдување ќе си понуди цена како и сите останатите снабдувачи или трговци со електрична енергија. И верувам дека во тој дел, бидејчи во првите шест месеци цената за загубите во преносната мрежа беше 220 евра за мегават час, сега таа, имајќи во предвид дека се паднати и цените на берзите, дека ќе далеку пониска за последните шест месеци од годината“, изјави Бислимовски.

13.06.2023 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега