Украина: Експлозија на браната предизвика излевање 150 тони моторно масло во Днепар
Експлозијата на браната „Каховка“ во јужна Украина предизвикала излевање најмалку 150 тони моторно масло во реката Днепар, соопштија украинските власти.
Уште 300 тони се закануваат да се излеат во воден пат, беше кажано на маргините на состанокот на Советот за национална безбедност, што го свика претседателот Володимир Зеленски.
Гувернерот на регионот Херсон, Олександр Прокудин, рече дека осум села се целосно или делумно поплавени, а 16.000 луѓе се во опасната зона.
Загрозени се 80-ина населени места во тој реон, каде исто така се водат борби. Воздушните фотографии од регионалниот главен град Херсон, контролиран од Украина, покажуваат многу куќи во областа Корабел под вода. Украина ја обвинува Русија за уништувањето на браната. Поплавен е и градот Нова Каховка на јужниот брег на реката Днепар, кој е под контрола на Русија. Русија ги обвини украинските саботери.
Руските власти во окупираната јужна Украина прогласија вонредна состојба во вторникот по експлозијата во раните утрински часови, која уништи голема брана на реката Днепар и блиската хидроцентрала. Експлозијата е еден од најзначајните инциденти во последните неколку месеци од војната во Украина и се стравува од големи поплави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа