Руски претставник: Ова е најсериозниот напад врз Москва од Втората светска војна

 

 

Украина го изврши еден од најголемите напади со беспилотни летала врз Москва, а руското Министерство за одбрана соопшти дека сите биле уништени додека се приближувале до главниот град на Русија. Не се пријавени смртни случаи. Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин изјави дека две лица се повредени, од кои едното е хоспитализирано.

Жителите на два станбени блока беа евакуирани, но подоцна вратени. „Рано утринава, како резултат на напади со беспилотни летала, имаше мала штета на неколку згради“, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин. „Никој не е сериозно повреден“, додаде тој.

Аеродромите во Москва останаа отворени. Руското Министерство за одбрана соопшти дека беспилотните летала биле испратени од Киев, но дека сите биле уништени, јавуваат руските агенции. Рускиот пратеник Максим Иванов рече дека тоа е најсериозниот напад врз Москва од нацистичките напади за време на Втората светска војна, велејќи дека ниту еден граѓанин сега не може да избега од она што е „нова реалност“.

30.05.2023 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега