Хаосот во Украина продолжува: Денеска загинаа најмалку 19 лица, меѓу нив и три деца
Најмалку 19 лица, меѓу кои три деца, загинаа рано утринава во руски воздушни напади во централниот дел на Украина, соопштија властите во Киев.
Речиси сите загинати, од кои 17, загинаа кога две ракети погодија деветкатна станбена зграда во градот Уман, 215 километри јужно од Киев, соопштија украинските власти.
Украинските власти соопштија дека Русија рано утринава истрелала повеќе од 20 крстаречки ракети, од кои некои биле насочени кон Киев. Тоа е прв руски ракетен напад врз Киев по речиси два месеци, но засега нема потврда дека е погодена некоја цел, наведува Асошиејтед прес.
Според градските власти во Киев, украинските воздухопловни сили пресретнале 11 крстосувачки ракети и два беспилотни летала над главниот град на Украина.
Украинската полиција соопшти дека се ранети 17 лица, дека од урнатините се извлечени три деца и дека девет лица се хоспитализирани.
Руските напади утринава не беа блиску до борбените зони во источна Украина, која беше центар на војната во изминатите месеци.
За време на 14-те месеци од руската инвазија, Москва често изведуваше ракетни напади со долг дострел, неселективно гаѓајќи ги цивилните области. Украинските власти и аналитичари тврдат дека ваквите удари се дел од стратегијата на Кремљ за заплашување.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека синоќешните напади со крстаречки ракети со долг дострел биле насочени кон локации каде престојувале резервните единици на украинската армија пред да бидат испратени на фронтот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа