Пекарите: Трговците на мало не уценуваат, Владата да испрати инспекции

 
Пекарската индустрија попладнево соопшти дека трговците на мало не прифаќаат да го продаваат лебот со пет отсто маржа и поради тоа бара од Владата да ги активира инспекциските служби.
 
-Денеска, по одржаниот прес за одлуките на пекарската индустрија, трговците на мало ги уценуваат  пекарниците и не прифаќаат да го продаваат лебот со пет отсто маржа, што е незаконски и ја кршат одлуката што е претходно донесена. Вака настанатата ситуација е директно поврзана со последните штетни одлуки за пекарската индустрија. Бараме од Владата да ги испрати инспекциските служби и јавно да ги информира за последиците трговците на мало за нивното непочитување, наведуваат пекарите.
 
Пекарската индустрија денеска на прес-конференција соопшти дека ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но и дека ќе поведе правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот
03.03.2023 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега