Австрија постепено ќе ги укинува сите мерки против Ковид до 30 јуни
До 30 јуни ќе бидат укинати сите антиковид мерки кои се во сила во Австрија, јави ДПА, повикувајќи се на Владата.
До крајот на јуни ќе бидат укинати сите ограничувања за заразените со коронавирус.
Во моментов, заразените со вирусот не мора да бидат во карантин, туку од нив се бара да носат маска FFP2 во затворени простории и на отворено кога се во близок контакт со други луѓе.
Сите тимови и комисии поврзани со справување со кризата со коронавирусот, според програмата на владата, ќе бидат распуштени во наредните месеци.
01.02.2023 - 18:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа