Осудените на смрт во Иран имаат 15 минути за да се одбранат
Четворица млади мажи беа егзекутирани во Иран поради учество во протести, а уште 18 беа осудени на смрт. Групите за заштита на човековите права најостро го осудуваат начинот на кој се водат судските постапки во таа земја, наведувајќи дека тие се водат неправедно.
Мохамад Мехди Карами (22), шампион во карате, беше обесен на 7 јануари, само 65 дена по апсењето.
Извори за Би-Би-Си на персиски јазик изјавиле дека обвинетите имале помалку од 15 минути да се бранат пред судот.
Неговата приказна покажува како властите во Иран користат монтирани процеси за да ги заплашат демонстрантите кои бараат слобода и крај на постоечкиот режим, пишува Би-Би-Си.
Карами беше уапсен поради неговата вмешаност во убиството на припадникот на паравоената единица Басиј за време на протестот на 3 ноември.
Тој подоцна беше обвинет за корупција и беше суден пред Револуционерниот суд во Караџ на 30 ноември заедно со уште 15 лица, меѓу кои и три малолетници.
Обвинетите во Иран имаат право на правно застапување, но во чувствителни случаи како што е овој, или случаи на шпионажа, не им е дозволено сами да избираат свои адвокати.
Наместо тоа, судот назначува еден од списокот одобрен од судството.
На новинарите и на членовите на семејството на обвинетиот, исто така им е забрането да доаѓаат во судот, па единствена можност да се види што се случува зад затворени врати се монтирани снимки што ги објавува судството.
На едно такво видео, Карами е видно вознемирен бидејќи „признава“ дека удрил полицаец со камен во глава. Неговиот адвокат не го оспори обвинението, но побара од судијата прошка. Карами потоа вели дека бил „измамен“.
На 5 декември тој беше осуден на смрт, како и четворица негови соучесници.
Вообичаено е членовите на семејството на обвинетите да се најдат под притисок да не излегуваат во јавност.
Иранска група за човекови права вели дека најмалку 109 демонстранти се соочуваат со ризик од егзекуција бидејќи се или осудени на смрт или обвинети за големи злосторства.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа