Мемоарите на принцот Хари најбрзо продаваната книга досега
Мемоарите на принцот Хари „Спер“ се најбрзо продаваната нефикциона книга досега, објави издавачот.
До сега има продадено 400.000 примероци во тврд повез, е-книга и аудио формати.
„Отсекогаш знаевме дека оваа книга ќе биде хит, но ова ги надмина нашите најоптимистички очекувања“, рече извршниот директор на Transworld Penguin Random, Лери Финлеј, според Ројтерс.
Во врска со ова, тој истакнува дека единствените книги кои се продавале повеќе на првиот ден биле за Хари Потер.
Мемоарите на Хари, чие издание на шпански јазик по грешка го здогледа светлото на денот порано од планираното, официјално беа пуштени во продажба во вторникот, а љубопитните читатели побрзаа во книжарниците за да добијат сопствен примерок од интимните детали за британското кралско семејство.
Книгата го привлече светското внимание поради обвинувањата на Хари за неговиот татко, кралот Чарлс, маќеата Камила и постариот брат принцот Вилијам, пренесува Танјуг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа