Аналитичари: Русија ќе се распадне до 2033 година
Русија каква што ја знаеме можеби нема да ја преживее претстојната деценија, според новото истражување на Атлантскиот совет.
Истражувањето на 167 аналитичари, кои ги споделија своите ставови за тоа како би можеле да изгледаат геополитиката, социјалните и политичките движења и другите области за 10 години, покажа дека Русија е во опасност да не преживее во состојбата во која е сега.
Истражувањето покажа дека 40 отсто од аналитичарите предвидуваат дека Русија ќе доживее внатрешен распад до 2033 година, пишува Скај Њуз. Тие наведуваат дека причините за тоа ќе бидат револуција, граѓанска војна или колапс на политиката.
Дури 46 отсто од аналитичарите очекуваат Русија да стане пропадната држава во следните 10 години или да се распадне до 2033 година.
Атлантскиот совет, исто така, соопшти дека Европејците се особено песимисти во врска со колапсот на Русија, а 49 отсто предвидуваат дека тоа ќе се случи, пренесе Индекс.хр.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа