Бербок во ненадејна посета на Харков
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска дојде во ненадејна посета на Харков, град во источна Украина во близина на руската граница, кога вети повеќе оружје и конкретни понуди за да му помогне на Киев да се приклучи на Европската унија.
Во изјавата во пресрет на средбата со министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, Бербок ја изрази поддршката и солидарноста на Германија со Украинците кои живеат во тешки воени и зимски услови, пренесе Ројтерс.
Откако Германија минатата недела објави дека ќе испрати возила Мардер во борба во Украина како дел од зголемената воена поддршка, Бербок вети повеќе оружје, без да прецизира кое.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа