Толку беше: Русија стави крај на примирјето
Во руските бомбардирања во текот на ноќта во неделата загина најмалку едно лице, соопштија локалните власти, додека Москва ги продолжи борбените операции по истекот на самопрогласениот Божиќен прекин на огнот што украинскиот претседател Зеленски го нарече неуспешен.
Владимир Путин во петокот нареди 36-часовен прекин на огнот долж линијата на конфликтот за време на православниот Божиќ, кој падна во сабота оваа година, предлог што Украина го отфрли како руски трик.
„Светот уште еднаш може да види какви лажни изјави дава Москва на сите нивоа“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање. 50-годишен маж е убиен во североисточниот регион Харков во руско бомбардирање, објави гувернерот на регионот Олех Синехубов неколку минути по полноќ по московско време.
„Тие зборуваат за наводен прекин на огнот, но во реалноста руските ракети повторно ги гаѓаа Бахмут и другите украински позиции“, рече Зеленски и додаде: „Уште еднаш се потврдува – само протерувањето на руските окупатори од украинската земја и елиминацијата на можноста Русија да изврши притисок врз Украина и цела Европа, тоа ќе значи прекин на огнот, враќање на безбедноста и мирот“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа