(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Бразилка загина на новогодишна прослава, огнометот ѝ се заглави во облеката
Бразилка, мајка на две деца загина, за време на новогодишната прослава кога огнометот и се заглави во облеката.
Елизангела Тинем (38) загина кога ѝ експлодира огномет на бразилска плажа среде собир, пренесува „Дејли мејл“.
На социјалните мрежи се појави видео од 24 секунди, на кое се прикажани моментите пред смртта на туристката на плажата во Праја Гранде, Сао Пауло.
На вознемирувачката снимка може да се види толпа луѓе што стојат во областа и гледаат огномет на небото над нив.
Одеднаш камерата се врти наоколу за да покаже блесоци светлина поблиску до земјата проследени со силен тресок.
Голем број луѓе скокаат од експлозијата, а други, меѓу кои и оној што го снимил немилиот настан, почнуваат да бегаат. Кога камерата се враќа назад, се гледа тело што лежи на земјата.
Двете деца на Елизангела биле сведоци на смртта на својата мајка, а нејзиниот погреб треба да се одржи попладнево во нејзиниот роден град Сао Пауло, пишува „Дејли мејл“.
Очевидецот Луиза Фереира (20) за локалниот весник изјави дека на плажата биле поставени неколку неовластени огномети.
„Видов голем блесок само што удри на полноќ и ја гушкав мајка ми, а потоа сите почнаа да врескаат. Видов жена како лежи на земјата и крвавеше кога отидов да видам, а момчето што беше со неа исто така беше на земјата“, изјави Луиза, која беше сведок на ужасната сцена.
Тој наведува дека другите лица истрчале да побегнат од областа.
Наводно, 41-годишниот роднина на жртвата ѝ рекол на полицијата дека огнометот експлодирал откога ѝ се заглавил во облеката.
Потврдено е дека пиротехничкото средство не го активирало семејството и сега е во тек истрага, која се очекува да доведе до обвинение за убиство од небрежност доколку се најде лицето што го испукало огнометот во воздухот.
Elisangela Tinem, 38, a Brazilian mum of 2 boys died when a firework got stuck in her clothes and exploded on New Year's Day. pic.twitter.com/WI7SraruEQ
— OnlinePikin (@Online_Pikin) January 3, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа