Истражување: Секоја петта објава на политичките партии содржи штетен наратив
Секоја петта објава на политичките партии во Македонија содржи штетен наратив, покажува истражувањето на Институтот за комуникациски студии. Истражувачите анализирале над 5.000 објави на партиите кои ги објавиле на ФБ. Дури 1.104 содржеле дезинформација или злонамерни информации, кои пак доведуваат до поткопување на довербата во институциите.
Од употреба на штетни наративи не се „штеделе“ ниту лидерите на партиите. Од вкупно анализирана 621 објава, во истражувањето е нотрано дека во 155 од нив имало штетни наративи.
Црните кампањи и навредливите реторики се најчести пред избори. Политичарите, медиумите и јавноста ја делат одговорноста за штетните наративи, а колетивната соработка е клучот за промената на состојбите, заклучија учесниците на денешната дебата.
Истражувањето ШТЕТ-НА и водичот „Гордиевиот јазол на штетните наративи во политиката и во медиумите“ се дел од проектот „Користи факти“, поддржан од Британската амбасада во Скопје. Во истражувањето во периодот од девет месеци, од септември 2023 година до мај 2024 година, се следеле наративите на политичките актери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа