Русија пресече: Нема преговори додека платениците на НАТО се во Украина
Високопозициониран руски дипломат изјави дека преговорите за безбедносните гаранции за Русија не можат да започнат додека инструкторите и „платениците“ на НАТО се во Украина, односно додека Западот продолжува да испраќа оружје во Украина.
Александар Дарчиев, еден од шефовите на руското Министерство за надворешни работи задолжен за Северна Америка, рече дека „преговорите ќе бидат предвремени додека не престане испраќањето оружје и финансирањето на режимот Зеленски и додека не се повлечат американските и НАТО платениците и инструкторите од Украина“.
Русија ги нарекува „платеници“ странските доброволци кои се борат во редовите на украинската армија и досега осуди голем број заробени странски борци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа