САД издвоиле над 454 милиони долари за анулирање на руското влијание врз Балканот

 

 

Инспекторатот на Стејт департментот на САД објави извештај на Фондот за спротивставување на руското влијание (CRIF), во кој се наведува дека САД од 2017 година потрошиле повеќе од милијарда долари за финансирање невладини организации, медиуми, како и други организации и програми за анулирање на руското влијание.

Во извештајот објавен на веб-страницата на Стејт департментот се наведува дека најголемиот дел од тие средства – 621,5 милиони долари биле наменети за финансирање на организации и програми во Источна Европа, за земјите од Вишеградската група (В4), во кои спаѓаат Унгарија, Словачка, Чешка и Полска, додека за балканските земји биле наменети 454 милиони долари.

Според податоците од Извештајот, за организации во Србија се издвоени 55,5 милиони долари, а за Косово 61,1 милиони долари.

САД дале нешто повеќе од 80 милиони долари за Босна и Херцеговина, 67,4 милиони долари за Северна Македонија, 50 милиони долари за Црна Гора.

За Бугарија се издвоени 47,7 милиони долари, за Словенија 40,3 милиони долари, за Албанија 39 милиони долари, за Хрватска 11,4 милиони долари, а за Грција 0,7 милиони долари.

Програмите CRIF се дизајнирани да ги постигнат целите на „Акт за спротивставување на влијанието на американските противници преку санкции“ и да обезбедат странска помош на земји кои се предмет на „влијание и агресија на Руската Федерација и немаат економски капацитет за ефикасен отпор.”

22.12.2022 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега