Шутаров: Поради неспособноста и рацете во медот на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје е во тотален хаос

 

 

Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, поради кавгите и рацете во медот, Град Скопје е во целосен хаос, истакна на денешната прес-конференција Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

„За само една година, ВМРО-ДПМНЕ направи пепел од Скопје. Неработење, хаос и кавги за тендери, тоа е нивниот учинок. Денес, Скопје е нефункционален град, со нефункционални јавни претпријатија и нефункционална градска администрација“, нагласи Шутаров.

Граѓаните, додава тој, се оставени без јавен превоз, ЈСП тонe во долгови, а катастрофална е ситуацијата и во други јавни градски претпријатија.

„Додека Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се караат, меѓусебно се клеветат и закануваат, граѓаните трпат штета. СДСМ преку својата советничка група прави и ќе прави сè за да се заштитат интересите на Градот и на граѓаните“, вели тој.

Скопјани, оценува советникот во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ, не заслужуваат ваква деструктивна, неодговорна градска власт.

19.12.2022 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега