Захарова: Политиката на Брисел кон Белград е предавничка
„Политиката на Брисел кон Белград потсетува на „брак кој започнува со предавство“ – изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа изјави дека заострувањето на односите меѓу Србија и Косово се веднаш по самитот на ЕУ во Албанија со учество на земјите од Западен Балкан, пренесува ТАСС.
Таа на својот Телеграм профил посочи дека е усвоена Декларацијата од Тирана, која ги поддржува аспирациите на земјите од Западен Балкан за влез во ЕУ.
Захарова рече дека во посебен став од Декларацијата на ЕУ од Тирана е пропишано дека Косово и Србија се „на европскиот пат“ и дека не е изненадување што „Косово почна да спроведува агресивна реторика“.
Портпаролката на руското МНР додаде дека Европската унија се обидува да ја одведе Србија во „убава иднина“ и истовремено да организира провокации против Белград.
„Таквата политика е предавничка на самиот почеток, како брак што започнува со предавство“ – рече таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа