ДКСК со јавна опомена до три лица кај кои е констатиран судир на интереси

Државната комисија за спречување на корупцијата констатирала судир на интереси кај лицата Нусрет Саид, Михаил Петковски и Александар Стојков поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси и истовремено извршување на две функции.

Комисијата утврдила дека Саиди истовремено бил на функцијата член на Совет на општина Сарај на која е избран на локалните избори одржани 2013 година и управител во друштвото за угостителство, производство и трговија „Блумен гартен аи“ ДОО, село Арнакија, Сарај. Тој делумно постапил по барањето на ДКСК, односно се откажал од извршување на функцијата управител на Друштво за производство, трговија и услуги „Блумен гартен бг“ ДООЕЛ увоз-извоз, село Арнакија.

Според Комисијата, Петковски со функцијата член на Совет на народна банка на Република Македонија, истовремено ја извршувал и функцијата член на Комисија за хартии од вредност.

Александар Стојков исто така истовремено бил член на Советот на НБРМ и член на Комисијата за хартии од вредност.

- Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираните состојби на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршувањето на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат, односно да се откажат од извршување на функцијата управител на трговско друштво или установа со што ќе ја отстранат повредата на член 9 од Законот за спречување судир на интереси, односно состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат, стои во соопштението.

Државната комисија одлучила на овие лица да им изрече јавна опомена бидеќи досега не постапиле по барањата.

05.12.2013 - 13:52
Фото: 
A1ON

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега